Jobs
Interviews
2 Job openings at Unija Smart Accounting Srbija
Сениор Сметководител за Плати (MKD)

Sardhana, Uttar Pradesh, India

0 years

None Not disclosed

On-site

Full Time

јун, 2025 Payroll, Sjeverna Makedonija Сениор Сметководител за Плати (MKD) Бараме личност која знае дека најубавите односи се – работните. Не бараме херој. Бараме некој што знае дека најважните битки се оние што се добиваат со правилници и прецизно внесени броеви. Кај нас секоја пресметка е приказна сама за себе – нема да најдете драматични пресврти, но ќе најдете ритам. Сигурен, точен и предвидлив ритам на една одговорна секојдневност. Бараме некој што знае дека мирот во компанијата често зависи од само една децимала. И некој што знае дека „пресметка“ всушност е најубавиот начин сè убаво – да се пресмета, евидентира и исплати. Ако Excel за вас не е само алатка, туку поле за микроскопски прецизна уметност. Ако законот не ви е пречка, туку насока. Ако ве радува кога системот „кликнува“, затоа што знаете дека зад тоа стојат знаење, ред и добра организација – тогаш би сакале да станете дел од нашиот тим. Нашите клиенти сакаат стабилност. Нашите вработени сакаат рамнотежа. Ние ве сакаме вас – ако верувате дека работата на референтот за пресметка на плати не е само низа бројки, туку и работа со луѓе, за луѓе. Ако сакате сè да дојде на своето место – можеби вашето место е токму кај нас. ЗА НАС Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура. Р АБОТНО МЕСТО Како cениор сметководител за плати, ќе се грижите за пресметка на платите за нашите клиенти и ќе ги советувате при наоѓањето на оптимални решенија. Вашата работа ќе вклучува и: Подготовка и пресметка на платите за клиенти во согласност со локалното законодавство; Управување со документација и извештаи поврзани со платите; Комуникација со релевантни институции и органи. БЕНЕФИТИ Како Вработени Во Унија Група, Имаме Бројни Поволности Кои Ни Овозможуваат Да Напредуваме Во Професионален и Личен Контекст. На Тој Начин Можеме Подобро Да Се Грижиме За Квалитетот, Односите Се Многу Подобри, а Работата Едноставно Попријатна. На Сите Вработени Им Нудиме Индивидуален годишен буџет за едукација; Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување; Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена на далечина); Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои нема да го изберат хибридниот модел на работа; Скратено работно време во петок; Повремено можете да работите во било која единица на Унија во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар. ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО Варјабилно наградување; Флексибилно работно време. ШТО ОЧЕКУВАМЕ Најмалку 2 години релевантно искуство во пресметка на плати; Добро познавање на локалните прописи и процедури во врска со платите; Активно познавање на англиски или германски јазик е предност; Искусво со Pantheon или слични сметководствени програми е предност. ЛОКАЦИЈА Радното место на cениор сметководител за плати се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје . ПРИЈАВА Доколку сметате дека улогата на cениор сметководител за плати е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата hrm@unija.com .

Cениор сметководител (MKD)

Sardhana, Uttar Pradesh, India

0 years

None Not disclosed

On-site

Full Time

јул, 2025 Accounting, Sjeverna Makedonija Cениор сметководител (MKD) Ги бараме оние кои не бараат рутина – туку професионални предизвици. Бараме некој кому не му треба прирачник за Excel за да забележи грешка во билансот. Некој што знае да ја разликува коректната книговодствена ставка од вистинскиот увид. Некој што знае дека разликата помеѓу „точно“ и „прецизно“ не е само лингвистичка. И некој што знае дека работата на сметководителот не е само работа, туку и одговорност. Ако едноставните случаи ви стануваат здодевни, а сложените предизвици ви ја будат професионалната љубопитност, можеби вие сте лицето што го бараме. Ова е повик до оние кои се доволно сигурни во својата стручност за да се пријават само ако знаат дека имаат што да понудат. Unija ETL не бара луѓе секој ден, но секогаш знае да го препознае вредниот сениор. И секогаш има едно место резервирано токму за него. ЗА НАС Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура. РАБОТНО МЕСТО Како Сениор сметководител, ќе работите со нашите клиенти, советувајќи ги и помагајќи им да најдат оптимални решенија. Вашите задачи исто така ќе вклучуваат: Контрола и евидентирање на сметководствените промени; Подготовка и пресметка на ДДВ; Подготовка на месечни извештаи за клиентите; Подготовка на завршни сметки и даночни пријави. БЕНЕФИТИ Како Вработени Во Унија Групацијата, Имаме Бројни Придобивки Што Ни Овозможуваат Да Напредуваме Професионално и Лично. На Овој Начин, Можеме Подобро Да Се Грижиме За Квалитетот, Односите Се Многу Подобри, а Работата е Едноставно Попријатна. На Сите Вработени Им Нудиме Индивидуален годишен буџет за образование; Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување; Слободен ден за роденден; Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена од далечина); Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои не го избираат хибридниот модел на работа; Скратено работно време во петок; Просторија за релаксирање во канцеларија; Овошје, кафе, вода во канцеларија; Можете повремено да работите во која било од единиците на компанијата во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Скопје и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар. СПЕЦИЈАЛНИ ПРЕДНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО Варијабилна плата; Флексибилно работно време. ШТО ОЧЕКУВАМЕ Универзитетско образование од економските науки; Најмалку 4 години работно искуство во областа на сметководството; Познавање на англиски јазик, и српски или хрватски, додека познавањето на германски јазик се смета за дополнителна предност; Познавање на Pantheon ERP или друг светски познат ERP програм се смета за предност. ЛОКАЦИЈА Радното место на Cениор сметководител се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје. ПРИЈАВА Доколку сметате дека улогата на Сениор сметководител е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата hrm@unija.com

cta

Start Your Job Search Today

Browse through a variety of job opportunities tailored to your skills and preferences. Filter by location, experience, salary, and more to find your perfect fit.

Job Application AI Bot

Job Application AI Bot

Apply to 20+ Portals in one click

Download Now

Download the Mobile App

Instantly access job listings, apply easily, and track applications.

Job Titles Overview